Мицкоски: Се бориме против огнените стихии, пристигнува помош од пријателски држави – ќе направиме сè што е во наша моќ!

Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран. Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. Министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајловски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави. За само неколку дена после повеќегодишно запоставување и негрижа и затекната состојба на приземјени летала без пилоти, оспособивме летала кои се приклучија во гасење на пожарите и соодветен кадар. Се приклучи армијата и полицијата, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека сега е обезбедена и поддршка од пријателите.

Нема да седиме со скрстени раце и ќе направиме се што е во наша моќ и надлежност да се справиме со состојбите, истакна тој.