Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари
Центарот за управување со кризи извести дека на денешната седница, Владата дала согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори.
Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење- велат од ЦУК