Експертите објаснија колку е коронавирусот опасен во вода и дали со капење во базени и море може да се заразите
Вирусот е се уште нов, истражувања се спроведуваат секојдневно, но судејќи по она што го знаеме досега, шансите да се заразеиме со Ковид 19 на море се минимални, вели епидемиолог д-р Дијана Нонковиќ.
Со доаѓање на летото и летните температури многумина очекуваа зарзате да опадне, но тоа не се случи, па за оние кои се прашуваат дали е безбедно да се замине на одмор во вакви услови, српскиот епидемиолог вели дека шансите да се заразите сокорона во базен или море се многу мали.
Таа повтори дека вирусот се пренесува преку капки и ако сме во затворен простор со заразено лице и во близок контакт, големи се шансите да се заразиме, но не постои опасност од заразување со вирусот во базенот.
„Базените се третираат со хлор, а Ковид-19 е чувствителен на сите препарати со хлор, така што водата дезинфицирана во базенот штити од ковид-19“, рече Др. Нонковиќ додаде дека во море е можна инфекција од вируси и бактерии кои се пренесуваат преку феко-орален пат.
„Децата што седат во плитките води, голтаат морска вода и можат да се инфицираат со цревни заболувања. Коронавирусот е комплетно нов, истражувањата сè уште се спроведуваат. Според сè досега, навистина има минимална шанса да се заразиме во морето “, заклучи епидемиологот.
Научниците од Центарот за одржлива технологија на вода и енергија на Универзитетот во Аризона неодамна тврдеа дека заразни капки можат да ја загадат водата, но дека во поголемите води како што се реките, езерата, морињата и океаните, нивната концентрација ќе биде толку разредена што е многу мала можноста за зарази кај луѓето.