Томовски: Се трга полициската, а се враќа отстранетата сега репарирана ограда, вратите од Владата остануваат отворени за граѓани
Денес согласно задолжението добиено од Владата Службата за заеднички и општи работи започна со поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.
Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција, порача директорот на СОЗР Ивица Томовски.