„ПРОВИЗИИ ЗА ВАКЦИНИ, ИЗГОРЕНА БОЛНИЦА, МИЛИОНИ ОД РЕК, списокот е долг, народот не заборавил“

Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на нападите од СДСМ.

Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:

1. Бараа провизија на вакцини;

2. Крадеа на цитостатици;

3. Испумпуваа милиони од РЕК;

4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;

5. 7 години не направија километар пат;

6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.

Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче.

Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник, стои во реакцијата.

Од СДСМ велат дека неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година.

„Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.  Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие“, дополнуваат од СДСМ.

Comments are closed.