Славевски со „писмо до американските пријатели“ објаснува зошто сè повеќе расте чувството кај Македонците против САД
Професорот Трајко Славески, претседавач со Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, им го честита 4 Јули на своите американски пријатели со јавно обраќање во кое, меѓу другото, им го објаснува и растот на чувствата против САД кај Македонците.
„Ви посакувам среќен Ден на независноста, би сакал да бидете сигурни за следново:
Во Македонија не постои руска пропаганда. Никогаш немало. Во никој случај овде не процветало некое значајно просоветско или проруско расположение. Македонија никогаш не била плодна почва за такво нешто, а Русите тоа го знаеле. До неодамна!
Има нешто позагрижувачки – непобитен раст на антизападните, вклучително и антиамериканските чувства кај етничкото македонско население во последните неколку години. Овој интересен и шокантен феномен оставам да го објаснат социјалните психолози.
Јас имам свое разбирање за овој несреќен пресврт. Верувам дека секој родител може да признае дека развива негативни чувства дури и кон своите деца, во одреден момент и под одредени околности.
Поминувајќи низ бројни понижувања на нивниот трнлив пат кон членството во ЕУ и НАТО, повеќето етнички Македонци се чувствуваат измамени од Западот, па дури и принудени да се одречат од сопствената историја и идентитет. Чувствуваат дека го губат тлото под своите нозе во сопствената земја.
Дома такви гестови, како официјално честитање на новоименуваниот привремен премиер пред неколку месеци на албански јазик само од страна на @USEmbassySkopje не помогна да се убедат луѓето во спротивното.
Попустливоста, барем досега, кон очигледните криминални зделки и корупцијата на голем број функционери етнички Албанци на високи позиции во власта, со исклучок на градоначалникот на Струга, во голема мера го нарушија авторитетот на вашите официјални претставници во Македонија.
За среќа, прифаќањето и охрабрувањето на новоизбраната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од американските претставници во нашата земја, се примени со големо олеснување. Ова се случи по убедлива победа, и покрај предизборното обесхрабрување на гласачите од страна на некои високи американски функционери, како @StateEUR (Џејмс О’Браен), кој застана на страната на поразените партии кои ја предводеа претходната влада.
Со малку труд на нивна страна и со фер и праведен третман на сите етникуми во нашата земја, нашите стратешки партнери повторно можат да ги освојат срцата и умовите на етничките Македонци. Се надевам дека знаат како да го направат тоа. Не е потребно многу!
И сите грижи за какво било ‘руско влијание’ и пропаганда секако ќе исчезнат.
Среќен Ден на независноста, Среќен 4-ти Јули!“, напиша Славески на Твитер.
𝐋𝐄𝐓𝐓𝐄𝐑 𝐓𝐎 𝐌𝐘 𝐀𝐌𝐄𝐑𝐈𝐂𝐀𝐍 𝐅𝐑𝐈𝐄𝐍𝐃𝐒
Dear all:
Wishing you a Happy Independence Day, I’d like you to rest assured about the following:
There is no such thing as Russian propaganda in Macedonia. There has never been. By no means has any significant-pro… pic.twitter.com/5wo0MJjWvo
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) July 1, 2024