ФОТО+ВИДЕО: Тетово е под вода! Обилни врнежи од дожд проследени со град, командирот на ТППЕ Тетово бара исклучување на струјата бидејќи постои ризик по граѓаните од струен удар
Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер.
Во моментов голем број на сообраќајници се под вода, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.
Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има се уште врнежи од дожд и град.
Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.
Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.