Силното невреме кое вчера попладнето зафати делови од соседна Срабија, направи невидени штети во општина Осечина. Поради големината на градот кој паѓал предизвикани се огромни штети во домовите, помошните објекти, земјоделството. Притоа од силината на градот има убиени домашните животни во село Туѓин, Сирдија, село Осечина, градот Осечина и дел од с. Плужац.
Штабот за вонредни ситуации на општина Осечина одржа итна телефонска седница и прогласи вонредна состојба во деловите на општината погодени од катастрофата.
Во најбрз можен рок ќе се формираат комисии за проценка на штети, пишува Блиц.рс.
Покрај тоа што градот со големина на јајца уништи фасади, автомобили и нанесе огромни штети на земјоделството, дел од жителите на Осечина во моментот на силното невреме биле надвор, а и самите се здобиле со повреди.
Како што пишувавме претходно, силно невреме попладнево ја погоди западна Србија. Падна град со големина на лешници.
Силно невреме пропратено со дожд и град падна и на Крупањ.
Банат, Бачка, Срем, западна и југозападна Србија и подрачјето на Белград беа во портокалово, додека Шумадија, Поморавље, југоисточна Србија и Косово и Метохија во црвено.
Црвениот метеоролошки аларм значи дека времето е многу опасно: Се предвидуваат особено опасни временски појави кои се со таков интензитет што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните. Треба често да бидете информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови и ризици. Следете ги наредбите и советите на надлежните државни служби.
Sela oko Osečine su bukvalno bombardovana danas. 😔😔😔 pic.twitter.com/iOICya6MVQ
— Aθαμαη ζαΓλιβλιαηςκι (@atamanzagliblje) June 22, 2024