Парада на гордоста се одржа во Скопје, годинава помина без инциденти

Годинешната Парада на Гордоста во Скопје, што започна со собир во Жена парк, а потоа продолжи низ улиците на централното градско подрачје со протестен марш, се до стадионот на АРМ во градски парк, каде што имаше и уметничка програма, мина без инциденти.

„Спектакуларно непослушни!“ ова е годинашното мото на Парадата на гордоста. Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.

Во централното градско подрачје во Скопје, веќе се спроведува посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“.

Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични. ЛГБТ заедницата секогаш била одговорен член на ова општество, ги исполнуваме нашите обврски кон државата, но не добиваме никаков фитбек. Нашите права не се почитуваат. Ова се дел од пораките кои се испратени од собирот.

Ова е петта по ред Парада на гордоста која се одржува во Скопје, а МВР од 15.00 воведе посебен сообраќаен режим низ централното градско подрачје.