Прашање на време е кога бетонот ќе им падне на глава на луѓето
Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор на Скопје, спроти Владата, било алармирано со телефонски повик на единствениот број 112 до Центарот за управување со кризи – ЦУК. Од ЦУК велат дека веднаш ја контактирале Општина Центар.
На Единствениот повикувачки бој за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало пријава за блокови од тераса што висат и се пред паѓање, а претставуваат опасност за минувачите бидејќи биле бетонски. Опасното место за минувачите е на Булевар „Илинден“ во Општина Центар во Скопје, спроти Влада.
На барање од ЦУК, веднаш од Општина Центар излегле на терен, по што повратно го известиле ЦУК дека опасното место е обезбедено – заградено и е видно обележано, за што испратиле и фотографија од местото.
Проблемот со отстранување на опасните блокови од тераса што висат и се пред паѓање ќе се решава во наредните денови.