ИСПИТУВАЊА ИМА, АМА НЕ И РЕЗУЛТАТИ: Уште никој не знае од каде доаѓа МИРИЗБАТА во хируршките сали

Уште никој не знае од каде доаѓа смрдеата во хируршките сали. Резултатите од германската лабораторија којашто треба да утврди каков гас се шири во хирушкиот блок, како што пренесува Алфа, се уште ги нема, а за тоа кога ќе пристигнат од Министерството за здравство нема одговор. Од таму молчат и на прашањето дали од утре ќе се активираат повеќе хирушки сали на Клинички.

ДСЗИ, Малмед, технички и трудов инспекторат сите овие институции направиле вонреден инспексицски надзор на хирушките клиники по пријава од вработените.

“Надзорот е завршен и издадена е инспекциска мерка – да се изврши мерење на хемиските штетности во просториите на хирушките клиники. Вработените се пожалија на непријтен мирис и печење на очите. Мерењата треба да ги направат лиценцирани фирми за таа намена”, велат од трудов инспекторат.

„Пегаз“, „Трегер“, „Винора“, „ТГС технички гасови“, „ЛГ вест Балкан“… се фирмите од кои Министерството за здравство побарало помош за непријатната миризба по хируршките сали во Клиничкиот центар. Речиси еден месец трае проблемот, но никој до сега не го детектирал изворот на непријатната миризба.

Стручните лица кои се надлежни за компресорската станица, велат дека таа работи. Во заедничките служби на клиниките тврдат дека пред два месеца се расипал еден од компресорите, но работат со останатите два и оти во ниту еден момент не запреле со работа.

Хируршките сали се затворени поради миризба од непознато потекло, а се оперираат само итните случаи. На ортопедија и траума од 6 сали работат само две.