И опозициски пратеници ќе гласаат за Законот за реорганизација на министерствата
Законот за реформа на органите на државната управа, односно за реорганизација на министерствата денеска ќе се најде на дневен ред пред пратениците по скратена постапка. Денеска тој накратко беше повлечен на корекција и доработка и веднаше е вратен во Собрание.
Како што дознава „Република“ координација за овој предлог закон имала коалицијата на СДСМ. Пратениците на НСДП имале став дека ќе го поддржат законот, додека пратениците од СДСМ биле поделени. Зајкова од ЛДП пред неколку дена исто така рече дека ќе даде поддршка.<
Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.