Филипче: Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред сè говори за мене
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.
На прашањето дали има поддршка од поранешното раководство, вели дека слушнал многу коментари во врска со поддршката на Зоран Заев.
Доколку бидам избран за претседател, јас за многу кратко време ќе докажам дека ќе владеам целосно со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред се говори за мене. Јас имам одлични релации и со останатите други претседатели претходни на партијата, со други претходни функционери, и сметам дека тие добри релации се всушност еден од главните предуслови обединувањето да се случи многу брзо, рече Филипче.