Милошоски: Лога може да се жали каде сака, но поради него и неговата заменичка довербата во судството падна на рекордни 2%
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ најави реформи во Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Токму на оваа тема зборуваше Антонијо Милошоски во изданието на „Дејли Клик“ на ТВ21.
Го коментираше тоа што актуелниот министер за правда Кренар Лога со писма ги информираше странските амбасади за најавените идни потези од страна на новата власт.
Би кажал дека министерот во заминување Кренар Лога има право да се жали и да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати од Македонска Пошта, затоа што тоа е водено од ДУИ и е нефукционално, и може да не стигнат писмата. Во однос на темата, току поради еден од најспособните министри Лога и неговата заменичка Мадиќ, падна довербата во правосудството на рекордни 2%. Реформи се неопходни и сметам дека ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска како ветен проект пред граѓаните, да направиме реформи во овие две институции – изјави Милошоски.