Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ

Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Екс министерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.

Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ – изјави Филипче за ТВ 24.

Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ , својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.

Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.