ВИДЕО: Советници од советничката група на СДСМ преминаа во ВМРО-ДПМНЕ – измени во Советот на општина Кисела Вода

Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ.

Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.

-Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.