Анкета: Али Ахмети и Ковачевски најнеомилени, Максим Димитриевски и Христијан Мицкоски најомилени политичари
Според објавената анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 посто од испитаниците во земјава дале позитиво мислење. Од нив 33 посто се изјасниле дека имаат позитивно мислење и 15 проценти многу позитивно.
За Христијан Мицковски позитивно се изјасниле 45 посто, со тоа што за Христијан Мицкоски исклучително добро мислење имаат 19% а за Максим Димтриевски 15% од граѓаните.
Димитар Апасиев 31 процент го оцениле позитивно, а 54 процент од испитаниците имаат негативно или многу негативно мислење за него.
За Димитар Ковачевски само 23 проценти од анкетираните граѓани имаат позитивно мислење, а дури 68 проценти од испитанците за него искажале негативно или многу негативно мислење.
Али Ахмети и Арбен Таравари имаат позитивна оценка од 19 проценти, со тоа што кај Ахмети 10 проценти се изјасниле дека имаат многу позитивно мислење, а 9 позитивно, додека кај Таравари 5 проценти се со многу позитивно, а 14 со позитивно мислење.
Од податоците изнесени во анкетата може да се заклучи дека најнеомилен политичар во Македонија е Али Ахмети за кого 72 посто од испитаниците рекле дека имаат негативно или многу мислење за него, додека за Арбен Таравари 68 посто рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење за него, исто како за Димитар Ковачевски.
Инаку во анкетата на Институтот се опфатени и други прашања од значење за животот на граѓаните во земјите од Западен Балкан.
На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум 68 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Но, 47 проценти од нив се сомневаат во сериозните намери на Европската унија да им понуди членство на земјите од Западен Балкан.
Испитаниците во Македонија членството во НАТО го оценуваат како позитивно за што се изјасниле 70 посто од испитаниците, од кои 32 посто како многу позитивно и 38 проценти позитивно.
Повеќето испитаници, 55 проценти, одговориле дека знаат што е иницијативата Отворен балкан, а 48 проценти ја поддржуваат.
Резултатите од анкетата покажуваат дека 78 проценти од испитаните граѓани во земјава сметаат дека државата оди во погрешен правец. 90 проценти од анктираните граѓани се изјасниле дека корупцијата ја сметаат за сериозен проблем, од нив 72 посто рекле дека е многу сериозен, а 18 сериозен проблем.
Крадењето и лошото менаџирање се оценети како основен тип на коруптивно однесување со 26 проценти, а потоа доаѓа работењето во личен, наместо во интерес на граѓаниете со 25 посто.
Како најкорумпирани се оценети поличарите 26 посто, а потоа судството со 23 проценти. Корупцијата преовладува на државно ниво, 48 посто, додека на локално ниво неа ја перцепираат 11 проценти од ипитаниците.
Граѓаните сметаат дека нема искрена намера во институциите за борба против корупцијата. Па така 59 проценти оцениле дека ја нема во судството, 50 проценти во парламентот, исто толку сметаат дека ја нема и кај премиерот, а 42 проценти кај претседтелот.
Овие податоци за владата и претседателот се однесуваат на се уште актуелната власт, коалицијата ДУИ/СДСМ и доскорешниот претсдедател Пендаровски
Во однос на медиумите 11 од испитаниците рекле дека се слободни, а 42 посто дека се делумно слободни.
Податоците за истражувањето се собрани од 2 февруари до 5 март 2024 година од 1.220 возрасни испитаници во Македонија.