Димовски: Дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска

Мицотакис се закани дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка со Македонија, а на ваквите „закани“ реагираше Илија Димовски, кој се огласи на Фејсбук и напиша дека Грците од 2020-та чекаат да не се ратификуваат протоколите.

– Мицотакис денес најави дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Република Македонија…Тие секако чекаат од 2020 година (во случај ако на новите опозиционери им текне да ја критикуваат новата сеуште невоспоставена власт)…

Еден од тие протоколи се однесува на процесор на пристапување на Република Македонија кон ЕУ… Без тој грчки протокол, и со неколку бугарски вета, ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ… Чудно, нели? Попатно ќе побараат да се откажеме уште од некоја своја историска или идентитетска карактеристика, и онака веќе почнавме… Да почекаме да видиме дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска…, пишува Димовски.