ПАЛЧО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН во Македонија

Се очекува вечерва во Македонија да биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, објави 24 инфо.

Според информациите вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.