Тошковски: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Собранието, како што вели, имаше чест да присуствува на историскиот чин – инаугурацијата на првата жена претседател на Македонија.

Во оваа прилика сакам да упатам најсрдечни честитки до Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и да ѝ посакам успех на почетокот од нејзиното благородно патување за обезбедување на посветла и попросперитетна иднина за нашата татковина. Сигурен сум дека со нејзиниот лидерски капацитет, а пред сѐ со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности и достоинствено ќе не претставува во светот, а нејзиното неизмерно знаење, посветеност и визија несомнено ќе бидат инспирација за генерациите што доаѓаат!, рече Тошковски по повод овој историски чин.