Тренчевска дали знае КОЈ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА или другар(к)ите не и ги соопштиле резултатите?
Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност.
Вака досегашниот и иден пратеник Антонијо Милошоски и возврати на Јована Тренчевска од СДСМ која на Фејсбук напиша дека Струмица никогаш немала да е демохристијанска.
Милошоски и Тренчевска беа втори на листите на своите партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ИЕ 4, каде ВМРО-ДПМНЕ ја однесе победата со 13 наспроти 5 мандати.
Конкретно во Струмица на парламентарните победи ВМРО-ДПМНЕ со 14.248, додека СДСМ има 9.081.
На претседателските избори исто така победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, ГОрдана Силјановска Давкова со 17.438, наспроти 10.603 за Стево Пендаровски од СДСМ.