ФОТО: Тројца повредени во тешка сообраќајка во Влае, автомобил преполовен
Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа се случила во 02:25 часот на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(32) од Скопје и автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
-Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.