Зошто е лош бојкотот: Или ќе излеземе да гласаме или ДУИ ќе ни бира претседател на држава во Собрание
Идејата која се заговара од структури блиски до СДСМ дека треба да се бојкотира вториот круг на претседателските избори и на тој начин да се спречи победата на Гордана Силјановска-Давкова е повеќе од опасна.
Приврзаниците на СДСМ и со самото споменување на ваквата можност покажуваат дека поважен им е тесно партискиот интерес од државниот.
Малкумина знаат и се свесни што значи бојкотот на претседателските избори кој е можен. Дел од граѓаните се во дилема дали може да се бојкотираат претседателските избори во ситуација кога заедно се одржуваат и парламентарни избори.
Да, може да се бојкотира, бидејќи иако изборите се одржуваат во еден ден станува збор за одвоени избори.Граѓанинот едноставно може да земе гласачко ливче само за парламентарните избори а да одбие да земе ливче за парламентарните.
Изборот за претседател на држава е таков што за да биде избран во вториот круг треба да бидат излезени 40 отсто од запишаните гласачи. На Избирачкиот список има запишано нешто над 1.800000 гласачи. Значи за да бидат успешни изборите МОРА да излезат околу 720.000 гласачи.
Анализирајќи ги бројките кои ги освоија СДСМ и двете партии на Албанците, ДУИ и Коалицијата Вреди.Toa се 383.000 гласови и без нив тешко би се стигнал минималниот праг од 720.000 гласачи.
Друга работа која укажува на тоа дека Македонија ќе влезе во интитуционална криза е недореченоста на Уставот и Изборниот законик за повторен избор на претседател на држава. Членот 81 од Уставот вели дека при неуспешен избор се повторува целата постапка но нема никаков рок во кој би се повторила целата постапка.
Нешто појасен по ова прашање е Изборниот законик кој член 14 став 2 вели: Во случај на престанок на мандатот на претседателот на државата од кои и да е причини изборот на претседател се врши во рок од 40 дена од престанокот на мандатот.
Во сегашниот случај би било 40 дена после 12 мај кога завршува мандатот на Пендаровски.
Што по 12 мај
В.д претседател станува претседателот на Собранието, во случајот Јован Митрески од СДСМ.Но, нејасно е колку и тој би бил на оваа функција бидејќи по изборите ќе мора да се избере Претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство. И најважното: доколку не успеат претседателските избори, ова ќе бидат последни избори на кои шеф на држава ќе бираме на избори.
Следниот претседател ќе ни го бира ДУИ во Собрание.Затоа памет во глава и сите на гласање на осми мај.