ДУИ ФАТЕНИ КАКО ПОЛНАТ КУТИИ: Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии во Липково – обвинува албанската опозиција
Орхан Муртезани од ВРЕДИ денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково, пишува Алсат.
Во ова појавување тој рече дека возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии.
„Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот во„з во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии“, соопшти ВРЕДИ.
Извор: Алсат.мк