„Нема откажување од иднината“, ама има од СДСМ…
Уште еден партиски собир на СДСМ помина неславно и со мала посетеност од граѓаните. Попладнево од 17.30 часот позади Градски ѕид во Центар, платото остана празно пред празните зборови од вицепремиерот Бојан Маричиќ, заменикот министер за финансии Филип Николоски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Алудирајќи на нивниот слоган за изборите „Нема откажување од иднината“, на социјалните мрежи корисниците коментираат дека „има откажување од СДСМ“.
Од централниот митинг на партијата во неделата, пак, поброен беше и митингот на ДУИ на плоштад.