Е дури сега ќе им тргне на СДСМ – Заев со спот се приклучува на кампањата
Неодамнешното видео обраќање на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев во кое тој ја дава својата поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски на претседателските избори, има сила да предизвика шок во македонската политика.
Во аматерски и технички лошо спакуван видео спот, Зоран Заев дрско признава дека блиску соработувал со Пендаровски и Ковачевски додека бил премиер на Македонија, со што тој го префрли товарот на сопствените неуспеси и корупцијата врз плеќите на овие две лица. Ваквиот потег колку што е бесрамен, толку е и циничен, а најверојатно дизајниран за да го заштити делумно Заев од одговорност, а притоа да го оцрни и Пендаровски и Ковачевски.
Заев, меѓу другото истакнува дека со Пендаровски заеднички ветувале „живот во Македонија“, враќајќи го сеќавањето на јавноста дека токму Пендаровски беше носител на пратеничката листата на СДСМ во тоа време за Изборната единица број 1.
Експертите предупредуваат дека сојузот на СДСМ со компромитирани кадри е сигурен рецепт за изборна катастрофа.
Со зближување со личности како Заев, СДСМ само дополнително се отуѓува од гласачкото тело и го отвора патот за убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни и претседателски избори.
Во изминатите седум години под водство на Заев, Ковачевски и Пендаровски, Македонија стана синоним за криминал, корупција и невработеност, со институции кои се распаѓаат и со згазено национално достоинство.
Наследството на неуспехот е нешто од кое СДСМ нема да може да избега на ниту еден начин, а на денот на изборите, народот на Македонија е подготвено ќе ја донесе својата пресуда.