Кога ќе речат „како до сега“, мислат на тендери во 4 очи, на повеќе имот за Груби, на уште некоја „Соравија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по митингот во Гостивар вечерва објави дека со заокружување на број 2 на 24 април за Силјановска Давкова, Македонија ќе биде повторно горда, а на Пендаровски ќе му помогнеме да ги пакува куферите

-Секогаш кога имаме влада од СДСМ, има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Гостивар.

Мицкоски рече да треба да не загрижува принципот во трите збора „како до сега“.

И тука има голема вистина, сите потценуваат, јас само сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во 4 очи, повеќе имот на семејството на Груби низ Македонија, уште некоја утакмица во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда, кажа Мицкоски.

Мицкоски апелираше дека граѓаните ќе имаат можност на 24 април да заокружат број два и оти ништо нема да има од ова до сега.

Така Македонија ќе биде повторно горда, со заокружување на број 2, потенцираше Мицкоски.