И возилото било одземено со пиштол во глава – нови детали за пукањето во Тетово
Од СВР Тетово споделуваат нови детали за вчерашниот оружан инцидент во Тетово, кога од возило во движење беше пукано кон семејна куќа.
Вчеравечер во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово.
Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата.
Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот ноќва возилото било пронајдено на патот Тетово-Попова Шапка.
Ппо преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е., велат од СВР Тетово од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.