Директорот на СДСМ кој беше разрешен поради трговија со дрога и напад на полицајци – вратен на функција

Вчера власта на СДС и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година. Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција. Со кој образ Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму потсетуваат „кого штити СДС“.

Се работи за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат.

Народот гледа дека СДС одлепиле скроз и тоа народот ќе го казни.

Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.