Силјановска Давкова го поднесе првиот приговор за кршење на изборните правила до Антикорупциска
Гордана Силјаноска Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила.
Сега треба ДКСК да постапи според член 33 од Законот за спречување на корупцијата и во рок од еден ден по поднесувањето на приговорот (значи денес, сабота, 6.04.2024) да ја извести Академијата за судии и обвинители (АСЈО) за приговорот и да побара објаснување.
Потоа АСЈО е должна да се произнесе во рок од максимум три дена.
И на крајот, не покасно од пет дена (значи најкасно во вторник, 9-ти април) од поднесувањето на приговорот, ДКСК е должна да закаже јавна седница на која ќе постапи по приговорот.
ДКСК е должна одлуката по приговорот да ја донесе на јавна седница и истата е должна во рок од 24 часа (значи во среда, 10-ти април, да ја објави на својата веб страна), а во одлуката треба да се утврди дали постои прекршување на одредбите на изборниот законик.
Во случајот очигледно е грубо прекршување на членот 8а од тој законик и доколку има прекршување, тогаш ДКСК пред надлежните институции иницира постапка за утврдување на одговорноста на лицето, органот или институцијата што го прекршила изборниот законик.