УЖАСНИ ВЕСТИ ОД СРБИЈА: Малата Данка е убиена, полицијата уапсила две лица
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти страшната вест дека е двегодишната Данка Илиќ е прегазена со автомобил и убиена.
– Имаме лоши вести за детето од Бор, за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле. Сега ја носат полицијата таму каде што ја закопале – рече претседателот на Србија. Тој додаде дека полицијата ги носи на местото каде што е телото на детето. – Благодарам на полицијата за големиот труд и посветеност – додаде српскиот претседател.
За жал, потрагата по исчезнатата Данко Илиќ има трагичен крај.
Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.
С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа. Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако девојчето исчезнало, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето.
– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил двеговишната Данка и ја убил – вели извор од истрагата.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.