Грција една табла нема сменето: Јужниот сосед нѐ обвинува дека не го почитуваме Договорот од Преспа
Врховниот суд на Грција предупреди на злоупотребата на Преспанскиот договор во случаи кога службени лица од Македонија на официјални настани го употребуваат името Република Македонија. Дадена е препорака до обвинителите на Грција веднаш да реагираат при вакви случаи.
Циркуларно писмо на Врховниот суд било инспирирано по, како што наведуваат грчки медиуми, „инциденти на меѓународни конференции надвор од ЕУ. Претставникот на Скопје се претставувал како претставник на Република Македонија“, стои во писмото на грчкиот Врховен суд.
Врховниот суд на Грција со ваквата рекација практично дава упатство во вакви случаи грчките обвинители да не се потпишуваат на никакви заклучоци од тие конференции.
Треба да се биде внимателен и веднаш да се реагира за да се обезбеди правилна употреба на името на северниот сосед, а во случај на неточна пријава од претставник на горенаведената земја, стоело во препораката на Врховниот суд на Грција.
Од друга страна, токму Грција е таа која не ги почитува обврските од Договорот од Преспа.На таблите се уште стојат навредливите називи „Скопиа“ и ФИРОМ а згора на тоа три протоколи, меѓу кој и за чување на македонското небо сѐ уште не се ратифкувани во грчкиот Парламент.