Фејзи Хајдари: ВМРО ДПМНЕ ја напаѓа корупцијата на ДУИ, а не Албанците
Новинарот и издавач на весникот „Лајм“, Фејзи Хајдари на „Фејсбук“ напиша дека нападот што го прави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски врз криминалот и корупцијата во ДУИ не е напад врз Албанците. Хајдари нагласува дека „криминалот нема етничка припадност“.

Целосниот статус на новинарот Фејзи Хајдари:
„Криминалот и корупцијата немаат етничка припадност. Затоа, нападот на ВМРО против криминалот и корупцијата во ДУИ, е најголемата помош и придонес кон Албанците, на која било македонска партија, особено ВМРО.
Глупостите на ДУИ дека СДСМ е подобра од ВМРО за Албанците не држат вода… затоа што ниту една од овие две партии не направи ништо за да се отстрани навредливата уставна формулација „ народот 20%“! Дури и Бујар Османи, во својство на министер за надворешни работи, беше уште полош од Македонците кога изјави: „Сега не е време да се отстрани ’20%’“, напиша Фејзи Хајдари, издавач на весникот „Лајм“.