Обвинителството ќе се жали зaшто извршителката што нападна новинар и полицаец не е во притвор

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево утре ќе поднесе жалба на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот суд (ОС) Кичево со која на извршителката Весна Јакимовска осомничена за стек од три кривични дела и беа определени мерки на претпазливост наместо предложената мерка притвор, информираа од ОЈО Кичево

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево ќе поднесе жалба на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот суд (ОС) Кичево со која на извршителката Весна Јакимовска осомничена за стек од три кривични дела и беа определени мерки на претпазливост наместо предложената мерка притвор, информираа од ОЈО Кичево.

ОЈО Кичево поведе постапка против извршителката Весна Јакимовска која е осомничена дека во стек ги сторила кривичните дела спречување на службено лице во вршење службено дејствие, напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и фалсификување или уништување деловни книги.

Како што соопшти претходно Обвинителството, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува „поради што јасно постои опасност од повторување на делото“.

Според Јавното обвинителство, осомничената Јакимовска најпрвин го спречила новинарот Фуркан Салиу да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Таа физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот.

„Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал“, соопшти ЈОРМ.