Сонцето од Кутлеш и „Обединета Македонија“ за играчите на Шкендија

Дуелот меѓу Вардар и Шкендија од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига заврши без победник 1:1.

Вардарци поведоа во 18. минута од дербито, откако Матеус Лемос со глава го матираше Талевски.

„Црвено-црните“ промашија неколку добри шанси, а тоа го казни Шкендија, која успеа да израмни на крајт преку Аганспахиќ. На мечот беше истакнато знамето со сонцето од Кутлеш со натпис „Обединета Македонија“ а се интонираше и македонската химна.

Вардар во моментов е на 10. позиција во Првата лига со 26 бода, додека Шкендија е на третото место со 45.