Министерката Петровска цврсто му верува на „Леонардо“ и покрај бројните скандали
Контроверзната италијанска компанија Леонардо хеликоптерс којашто ја пратат скандали во светот, а и кај нас, ќе ја опреми армијата со 8 хеликоптери тешки 230 милиони евра, но министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека е тендерот е чист и се е според закон.
Таа детално објасни дека 3 години тим на армиски експерти правел анализи, па нејасно е како тие дошле до скандалозниот производител на хеликоптери Леонардо. Уште позбунувачки се изјавите на министерката бидејќи Леонардо последнива деценија се поврзва со корптивни скандали во Колумбија, Јужна Кореја, Индија, Панама, Индонезија и Норвешка, но таа Петровска цврсто им верува на Италијанците.
И покрај скандалите за корупција во светот Леонардо сепак на 100 дена пред избори доби тендер вреден стотици милиони евра. Но, министерката Петровска и за ова има фантастично обаснување. Опремувањето на армијата и зголемувањето на одбраната на нашата држава ништо не може да ги запре.
Пред неколку дена опозицијата обвини дека изборот на Леонардо е уште еден коруптивен скандали бидејќи според сознанијата на пратеникот Александар Николоски на конкурсот се пријавил и француско-германски огромен конзорциум, упте еден шведски и еден американски производител. Но, изборот паднал на Леонардо и тоа на само 100 дена пред избори.
Имено, летото 2019 -та, опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ) и тоа од истиот Леонардо, откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста. Антикорупциска проверуваше, но не направи ништо, а обвинителството за организиран криминал исто така не најде ништо спорно.
Овојпат, 8те хеликоптери треба да стигнат во Македонија до крајот на 2028, а министерката како осреќна околност го најави плаќањето на рати на фантастичните 230 милиони евра.
Извор: ТВ Алфа