Хајредини: Ковачевски и Ахмети да се првите што ќе се стават на полиграф
Ковачевски и Ахмети се првите кои треба да ги ставиме на полиграф затоа што седум години нè лажат и крадат, рече на денешната дебата за интегритетот на граничарите и начинот на нивната проверка поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Тие не можат да го решат проблемот со корупцијата, затоа што тие се изворот на истата, рече Хајредини за лидерите на СДСМ и ДУИ, за кои нема дилема дека треба да бидат првите двајца врз кои ќе се примени оваа метода.
Хајредини додаде, дека сме сведоци како, овие двајца политичари, секој ден лажат и манипулират со народот и сега нè убедуваат дека со ставање на полиграф на службениците, ќе го решат проблемот со корупцијата.
Овие двајцата прво, значи Ковачевски и Али Ахмети. Не, ова не е ни сарказам ни демагогија. Јас ви викам дека оттаму треба да почнеме. Затоа што полиграфот е контрола дали лаже човекот. Па ние сме сведоци дека секој ден лажат, тие самите. Можеме примери колку сакаме да земеме, рече Хајредини.
Според него, полиграфот е добар начин да се утврди корупцијата на граничните премини, но не верува во искрените намери на власта да го реши проблемот со беззаконието.