Апсење на аеродром во Скопје: Се обидел да се качи во авион со туѓ пасош

Вчера во 20.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(28) од Пакистан затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа на лице од Шри Ланка.

Тој бил предаден на полициски службеници во Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.