Мерко добил ОБВИНЕНИЕ ЗА ЛУКСУЗНОТО АУДИ?

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за набавка на луксузното Ауди. Ова на брифинг со новинарите го соопштија од јавното обвинителство, објави 4news.

Антикорупциска во 2020 година поднесоа иницијатива за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила, меѓу кои и „ауди А6“ вредно 67 илјади евра, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага, иако и ревизорите утврдија дека тендерот е спроведен во време на финансиска нестабилност на Општина Струга.

Градоначалникот од неодамна е и на црната листа на САД, па се постаува прашање дали тоа го премислува обвинителсвото.

Инаку Мерко гостувајќи во тв емисија запрашан за аудито рече  „Зар да одам парталав и со „Шкода“? Требаше да земам уште поскапо“