Стоилковски: Дали Филев, директор на СДС од Радовиш е трговец со дрога во полициски билтен?
Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори, ова преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Веројатно ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип не е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје? Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок. Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС? Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?“, прашува Стоилковски.
Тој додава дека фотографиите зад него, говорат сами за себе.
„СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија. СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата!“, потенцира Стоилковски.