Трипуновски: Состојбата со Дојранско Езеро е катастрофална и го загрозува биолошкиот свет, да се стави во функција хидросистемот

Трипуновски заедно со дел од неговиот кабинет го посетија Дојанско Езеро и направија увид на актуелната состојба на езерото и на хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Дојран.

Трипуновски заедно со дел од неговиот кабинет го посетија Дојанско Езеро и направија увид на актуелната состојба на езерото и на хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.

-Состојбата е катастрофална и водостојот на Дојранско Езеро е намален за 1.5 м што го загрозува биолошкиот свет во езерото. Хидросистемот Ѓавато за спас на Дојранско Езеро започнува од местото Ѓавато и истиот не е во функција бидејќи со одлука на Влада се исклучени пумпите кој го снабдуваат овој систем со вода.
Дополнително има информации дека од страна на концесионерот на Дојранското Езеро не се издаваат дозволи за рекреативен риболов бидејќи езерото се користи за стопански риболов односно максимално искористување на рибниот фонд од страна на концесионерот. Апел до Државниот земјоделски инспекторат да се изврши контрола за начинот на стопанисување со Дојранско Езеро.

Трипуновски упати апел до Министерство за животна средина, како одговорна институција за хидросистемот, веднаш да започне со санација на цевките и цевководот и да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро.