СДСМ не сака да продолжи рокот на важење на старите пасоши

Пратениците на СДСМ, нема да го поддржат продолжувањето на рокот за пасош до 31 декември, бидејќи сметаат дека е спротивно на Уставот и меѓународните договори. Претседателот на Собранието, Јован Митревски, вели дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.

Но, ВМРО-ДПМНЕ и денеска апелираше до пратениците од власта да дадат поддршка на ова барање. Антонио Милошоски вели дека измената на законот за патни исправи е неопходен за справување со хаосот.

„Достојно е пратениците од целиот народ да гласаме за овој закон и да го продолжиме рокот на пасошите до 31 декември, со цел хаосот што го предизвика Оливер Спасовски да го менаџира новиот министер за внатрешни работи“, рече Милошоски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за важење на пасошите со старото уставно име беше доставен истиот ден кога пратениците го одобрија продолжувањето на рокот за возачките дозволи, но истиот тогаш не се најде на дневен ред. На 12 февруари истече рокот на важење на пасошите со старото име, но повеќе од 600 илјади граѓаните сè уште немаат нов, а тешко може и да закажат термин за фотографирање.

Извор: Алсат тв

Comments are closed.