Тошковски: Граѓаните може да ја тужат државата и да земат милиони, веќе има правосилни пресуди
Граѓаните може да ја тужат државата, поради прекршување на нивните основни човекови права на движење. Таква пресуда од Стразбур веќе има , Мемедов и други. Ќе плаќаме баснословни суми , рече министерот за внатрешни Панче Тошковски.
Сакам да им се извинам на граѓаните за се што е предизвикано и за тоа што ќе следи, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада , Панче Тошковски. Министерот ги замоли граѓените со пасоши со старото име да не се упатуваат кон граница.
Во врска со возачките исправи со старото име, министерот рече дека не важат ниту во земјава ниту во странство.
Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги прошуштат граѓаните.
Тошковски вели дека решението е брзи измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот и дека може да се направи тоа за еден ден , само ако има политичка волја.