„Во прашање се денови“: Убиецот на Вања и Панче ќе биде екстрадиран во Македонија

-Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски е завршен и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребен завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадиција, изјави Лога за Телма.

Во ексклузивен разговор за Телма, министерот за правда Кренар Лога, за време на посетата на Турција изјави дека очекува постапката за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да заврши брзо.

-Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски е завршен и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребен завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадиција, изјави Лога за Телма.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.