ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР – во 24 годишникот било пукано во близина на поликлиниката, еве ги деталите!
Едно лице е повредено со огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје. Повредениот мажт со прострелна рана во ногата е пренесен во болница, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
– Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.
Од МВР посочуваат дека ова се првични информации, а во текот на денот ќе излезат со повеќе информации.