Мајката на скопјанецот кој си ја уби бабата е пронајдена мртва во сопствениот дом
Мајката на скопјанецот осомничен дека ја уби баба му за време на ручек е пронајдена мртва, дознава „Скопје1“. Според наши извори, жената била пронајдена во домот каде претходно беше убиена бабата, односно нејзината мајка. Трагедијата се случила пред два дена, кога доцна попладнето било пронајдено нејзиното тело.
„Во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.К.(53) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, соопштија од МВР.
Ова е втора трагедија во ова семејства за половина месец. Претходно, синот на сега починатата доби статус на осомничен за убиство на неговата баба во истиот семеен дом.
„Имено, на 18.01.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачје на Ново Лисиче – Скопје починала Л.Т.(73) од Скопје“, велат од мвр. По преземени мерки и активности и извршена обдукција било констатирано дека Б.С. физички ја нападнал својата баба, која починала од здобиените повреди“, соопштија пред половина месец од МВР.
Кој е внукот од Ново Лисиче кој си ја уби сопствената баба, како и, како се случи трагедијата?
Граѓански и политички активист, твитерџија, невработен, кавгаџија на интернет, пред јавноста вели дека е хуманитарец. Вака со неколку зборa може да се опише профилот на 28-годишниот Борис С., кој се сомничи дека ја убил својата баба во Ново Лисиче. Станува збор за лице кое е познато за дел од јавноста. Имаше свои појавувања во неколку емисии, постојано активен на социјалните мрежи, но и мета на низа критики поради неговиот однос на „Твитер“ односно „Х“. За убиството на баба му, негирал вина и тврдел дека тоа ќе го докаже во постапката, а знаел за повредите кои ги имала.