Налепниците „НМК“ за промена на регистарските таблички ќе бидат БЕСПЛАТНИ

Лепенките со ознаката „НМК“ за промена на регистарските ознаки ќе бидат бесплатни за граѓаните. МВР од својот буџет ќе одвои пари за нив, за и оваа обврска меѓудругите да не падне врз грбот на граѓаните.

Но, на десетина дена пред истекување на крајниот рок за промена на личните документи, налепниците се уште не се стигнати, а ниту дистрибуирани до техничките станици. Казни за оние кои нема да успеат да ги променат своите регистарски ознаки нема да има, но нема да можат ниту да ја напуштат државата.

Никој по 12 февруари нема да може да ја напушти Македонија ниту со стар пасош, ниту со стара лична карта, ниту со возачка на која не пишува „Северна“.

За набавката на налепници и регистарски таблички со новата ознака NМК, Министерството за внатрешни работи во декември лани склучи договор за јавна набавка со фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“. За оваа цел, МВР ќе потроши 2,29 милиони евра (141,6 милиони денари) во период од три години, колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страницата на електронскиот систем за јавни набавки, се набавуваат четири вида двојни налепници според големината и тоа:

  • со димензии 99×42 милиметри за кои набавната цена на чифт налепници изнесува 35, 4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 5,4 денари),
  • со димензии 85×40 милиметри цената ќе биде 41,3 денар. (основна цена 35 плус ДДВ од 6,3 денари)
  • со димензии 53×37 милиметри по цена од 35,4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 5,4 денари и
  • со димензии 48×18 милиметри по цена од 29,4 денари (основна цена 30 денари плус ДДВ од 4,5 денари).

Обврската за користење на кодот NМК наместо МК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција