Во голема експлозија на гас во кенискиот главен град Најроби загинаа најмалку две лица, а 222 се повредени.
Камион што превезувал гас експлодирал во областа Ембакаси околу 23:30 часот по локално време по што „се запалила огромна огнена топка“, изјави владиниот портпарол Мваура.
Домови, деловни објекти и автомобили беа оштетени во пожар кој беснее во близина на станбени блокови.
Претходно владата соопшти дека експлозијата се случила во фабрика за гас. Причината се уште се утврдува.
News: Gas explosion in Nairobi, Kenya. Casualties undisclosed yet. The image is terrifying. pic.twitter.com/dFPYinmw3E
— Olu 🕊️ (@empror24) February 2, 2024
Мваура рече дека огнената топка од експлозијата „многу се проширила“, а плинска боца која летнала од експлозијата удрила во складиште за облека и текстил и го запалила.
Се известува дека пожарот се проширил и низ неколку станбени комплекси.
Многу од повредените имаат последици од вдишување и меѓу нив има најмалку 25 деца, пишува весникот „Стандард“.