„Командантот на УЧК убиваше полицајци и војници, сега ги прави Македонците потстанари“

„Бура во Скопје! Командантот на УЧК убиваше полицајци и војници, сега ги прави Македонците потстанари“. Ова насловот кој осамна на српски „Информер“, а ништо помеки не се ни останатите наслови во српските медиуми откако денеска и официјално дезертерот од македонската војска, Талат Џафери, стана претседател на македонската влада.

Споделувајќи ја неговата биографија од времето на војната, медиумите ја објавуваат веста за Џафери со фотографии во униформа и со албанското знаме.

„Информер“ го пренесува ставот на пратеникот Антонио Милошоски, кој вели дека не може да се очекува „Таљат Џафери да биде добар премиер на Македонија“.

Дезертер од војска не може да води држава како што треба. ДУИ нема квалитет да ја води државата. СДСМ и другите партнери денеска ги направија Македонците потстанари во сопствената држава. Оние што велат дека денес е историски ден, треба да го кажат тоа затоа што историски гледано Македонија има повеќе долгови, корупција, пасоши за криминалци во светот, а низ историјата имаме повеќе луѓе на американската црна листа, рече меѓу другото Милошоски.

Comments are closed.