КЛИМАТСКИ АКТИВИСТИ ИСТУРИЈА СУПА ВРЗ МОНА ЛИЗА ВО ЛУВР

Две климатски активистки истурија супа врз Мона Лиза во музејот Лувр во Париз и извикуваа слогани за одржливо производство на храна. Инцидентот во Лувр се случи додека фармерите ширум Франција протестираат со денови поради ниски плати и други проблеми.

Во видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како две жени истураат супа врз стаклото со кое што е заштитено делото на Леонардо да Винчи.

„Што е поважно? Уметност или правото на здрава и одржлива храна? Нашиот земјоделски систем е болен. Нашите земјоделци умираат на работа“, извикуваа тие.

Потоа можат да се видат вработени во музејот како поставуваат црни панели пред Мона Лиза и ги замолуваат посетителите да си заминат.